Дома Фудбал Мбапе им покажа на дефанзивците што ги чека. Погледнете што направи на одбраната на Аталанта

Мбапе им покажа на дефанзивците што ги чека. Погледнете што направи на одбраната на Аталанта

РЕАЛ МАДРИД го освои Суперкупот на УЕФА со победата од 2:0 над Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Родриго и Килијан Мбапе со голови го предводеа Реал до овој трофеј, за кого тоа беше дебито откако летово пристигна како слободен играч од Пари Сен Жермен.

Нема да им биде лесно на дефанзивците
Голманот на Аталанта Хуан Мусо имаше одлични одбрани за да ги запре Винисиус и Џуд Белингем, но и тој не можеше да направи ништо во 68. минута. Белингем со повратна топка го пронајде Мбапе, а тој погоди неодбранливо од не баш лесна позиција за конечни 2:0.

Посебно импресивно е движењето на Мбапе. Акцијата траеше десет секунди, а во целиот тој период Мбапе се движеше низ шеснаесетникот на тој начин што постојано беше слободен за топката.

Така Мбапе прво истрча пет метри, а потоа излета на околу 13-14 метри од голот и кога виде дека треба да се направи додавање, навреме истрча и ја покри топката за победа. Веднаш Мбапе покажа противнички одбрани што ги чека оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го победи Наполи во трката за дефанзивецот на Лацио

Милан постигна договор со Лацио околу доведувањето на дефанзивецот Марио Хила, известуваат…