Дома Топ вести Мбапе има ужасна статистика во првите три кола во Ла Лига

Мбапе има ужасна статистика во првите три кола во Ла Лига

Килијан Мбапе има лош почеток на својата епизода во Реал Мадрид и по три кола се уште чека на својот прв гол во првенството.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Активен е во играта Мбапе, но засега резултат во завршницата нема. За напаѓач со неговите квалитети чудно звучи статистиката од првите две кола која вели дека има дури 17 удари кон противничкиот гол, но не постигнал ниту еден погодок.

Во тие три натпревари двапати ремизираше ссо Мајорка и Лас Палмас и го победи Ваљадолид. Само против Лас Палмас вчера Мбапе шутна девет пати, но немаше успех.

Медиумите направија и споредби со ефектот во ПСЖ каде што постигнал гол по само четири удари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ќе може ли Ериксен да продолжи да игра фудбал? Еве што вели докторот

По драматичните моменти на натпреварот помеѓу Данска и Украина, Кристијан Ерксен наскоро т…