
Пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина беше прекинат по драматичните сцени кои го шокираа фудбалскиот свет.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сè се случи кога Кристијан Ериксен ненадејно падна на теренот без контакт со друг играч.
На теренот веднаш настана паника, а медицинските екипи во рекордно време дотрчаа за да му укажат помош.
Да потсетиме, станува збор за играч кој претходно во својата кариера преживеал сериозен срцев инцидент на фудбалскиот терен.
Поради тоа, целата ситуација предизвика уште поголема загриженост меѓу соиграчите, навивачите и стручниот штаб.
Медицинските тимови реагираа брзо, а Ериксен откако му беше укажана помош беше изнесен од теренот.
Набргу потоа, судијата донесе одлука натпреварот да не продолжи и свиреше крај на мечот.
Според првите информации од Данска, Кристијан Ериксен е свесен и, според околностите, се чувствува добро.
.Ериксен Denmark Ukraine pic.twitter.com/8V33bJYvke
— jubileiiiipo (@jubileиии27172) 7 јуни, 2026