Дома Фудбал Останато Мбапе имал необично барање во вчерашниот хаос против Башакшехир

Мбапе имал необично барање во вчерашниот хаос против Башакшехир

Цела фудбалска Европа зборува за романскиот судија Себастијан Колеску, кој наводно го навредил Пјер Вебо на расистичка основа, па фудбалерите на ПСЖ и Башакшехир решија да го напуштат мечот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По повеќеминутна расправија на теренот екипите се повлекоа од теренот, мечот не продолжи, а остатокот од средбата ќе биде одигран денеска со други судии.

Напаѓачот на ПСЖ, како што тврди романски „Дигиспорт“, имал необично барање за главниот судија додека постоела можност да се продолжи мечот.

Мбапе побарал од главниот судија да му покаже црвен картон на неговиот колега и така да го испрати надвор од теренот, но секако оваа информација не е потврдена од други извори, туку само ја објави романскиот медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…