Најпознатиот спортски весник во Шпанија „Марка“ во краток текст ги најавуваше репрезентациите кои ќе играат ова лето на Европското првенство.
На Европското првенство како што е добро познато во македонската јавност ќе играме и ние, еве што „Марка“ напиша за нас.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„УЕФА имаше план да им даде шанса на помалите земји да настапат на Европско првенство, Македонија тоа го искористи и се најде на големата сцена. Македонија се пласираше преку баражите во Лигата на нации во 2018 година“.
Фудбалерите „Марка“ ги спореди со Филип Втори и Александар Македонски.
„Горан Пандев е лидерот на теренот, а наследниците на Филип Втори и Александар Македонски тргнаа како Пепелашка на Евро. Нивниот бунтовен карактер многу им помогна, а како предупредување за сите пред ЕП ја победија Германија во мундијалските квалифицикации“, пишува „Марка“.