Дома Фудбал Германија Марио Гомез не го напушта бродот што тоне – станува рекордер во германската втора лига!

Марио Гомез не го напушта бродот што тоне – станува рекордер во германската втора лига!

По втор пат во последните три години Штудгарт испадна во Цвајт. Навивачите на петкратниот шампион на Германија тагуваат, но се надеваат дека тимот брзо ќе се врати во елитата, а дополнителна надеж им дава информацијата дека најдобриот играч на овој тим, Марио Гомез ќе остане во клубот.

Поранешниот репрезентативц на Германија одлучил да не го напушти бродот кој тоне и ќе се обиде да го спаси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марио не сака да замине во оваа ситуација. Сака да му помогне на клубот да се врати во Бундес лигата“, изјави агентот на 33 годишниот голгетер.

Дека има намера да остане потврди и самиот Гомез во една изјава пред неколку недели.

„Штудгарт е мој клуб. Тука се започна, би било убаво и тука да ја завршам кариерата“.

Гомез има договор до 2020 година и според тој договор неговата плата ќе биде значително намалена поради испаѓањето во втората лига. Место досегашните шест милиони евра, Гомез ќе заработува 4.5 милиони евра.

Со таа плата Гомез ќе стане најплатениот играч во историјата на германската втора лига. Претходниот рекордер беше Пјер Мишел Ласог кој во Хамбургер минатата сезона заработи 3.4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…