Според информациите на германските медиуми, поточно реномираниот „Кикер“ младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов е пред трансфер во Штудгарт.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наводно, преговорите се во напредна фаза и македонскиот фудбалер уште во јануари ќе потпише за германскиот второлигаш.
Во тесктот на Германците се надедува дека Штудгарт веќе подолго време го следи 19 годишниот фудбалер и се обидува да го доведе во своите редови.
Чурлинов во Келн беше дел од првиот тим, на почетокот на сезоната и запиша еден настап во Бундес лигата, но потоа одби да го продолжи договорот бидејќи беше вратен во вториот тим.
Актуелниот договор на Чурлинов со Келн истекува во јули, меѓутоа Штудгарт не сака да чека до лето и сака да го доведе во јануари.