Роберто Манчини успеа со репрезентацијата на Италија да го освои Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Аѕурите“ во финалето во неделата ја победија Англија и така се искачија на тронот на Европа. Италијанците играат фантастично откако Манчини ја презема репрезентација и направија неверојатен исчекор.
Манчини се најде во центарот на вниманието на англиската јавност и поради еден детал од неговата фотографија од авионот. На фотографијата Манчини покрај себе го држеше трофејот кој беше ставен на шкотскиот весник „The National“.

Шкотите објавија фотографија од легендарниот филм „Храбро срце“, а на фотографијата беше Манчини со опис: „Сапси не Роберто, ти си наша единствена надеж“.

Англичаните бурно реагираа на ваквата насловна страна.