Дома Топ вести Манчестер Јунајтед тргнува по Осимен

Манчестер Јунајтед тргнува по Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Приоритет на новиот менаџер Тен Хаг ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а откако ја загуби битката за Дарвин Нуњес сега ќе тргне по Виктор Осимен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.

Тен Хаг верува дека Нигериецот идеално ќе се вклопи во тимот, бидејќи веќе ја покажа својата класа во Серија А.

Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, а покрај Јунајтед интерес за него покажуваат уште Баерн Минхен и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…