Како и што беше најавен претходно нов фудбалер на Манчестер Јунајтед Арон Ван-Бисака.
Овој 21 годишен дефанзивец на „Олд Трафорд“ пристигнува од редовите на Кристал Палас за сума од 55 милиони евра, а Палас ќе добие и 10% од сумата од наредниот трансфер на Бисака.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Позицијата на Бисака е десен бек, имаше одлична сезона во Палас и поради тоа бројни клубови покажаа интерес за неговите услуги. Манчестер Јунајтед на крајот беше најупорен во намерата и го доведе во своите редови.
Долго време преговараа со клубот од Лондон, но на крајот се постигна договор.
Дефанзивецот во Јунајтед ќе добива плата од 80.000 евра неделно.
Тој е второто засилување за Солскјер во овој преоден рок после Даниел Џејмс кој од Свонси пристигна за 20 милиони евра.
Со споменатите 55 милиони евра Бисака е најскапиот бек во историјата на фудбалот, па ова е добра прилика да се потсетиме на најскапите 10.
-Арон Ван-Бисака од Кристал Палас во Манчестер Јунајтед (55 милиони евра)
-Кајл Вокер од Тотенхем во Манчестер Сити (52,7)
-Жоао Кансело од Валенсија во Јувентус (40,4)
-Нелсон Семедо од Бенфика во Барселона (37,5)
-Дани Алвес од Севилја во Барселона (35,5)
-Данило од Порто во Реал Мадрид (31,5)
-Алваро Одриозола од Реал Сосиедад во Реал Мадрид (30)
-Данило од Реал Мадрид во Манчестер Сити (30)
-Серж Орие од ПСЖ во Тотенхем (25)
-Давиде Запакоста од Торино во Челси (25)