Манчестер Јунајтед го договори првото поголемо засилување ова лето!
„Би-Би-Си“ известува дека „црвените ѓаволи“ постигнале договор со Кристал Палас за трансфер на Арон Ван-Бисака.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Вредната на трансферот се проценува на 50 милиони фунти, а 21 годишниот бек напаѓач лекарските прегледи ќе ги заврши пред одморот.
Manchester United have agreed a £50m deal for Crystal Palace's Aaron Wan-Bissaka.
? https://t.co/sjQTOYKA0C#bbcfootball #MUFC #CPFC pic.twitter.com/BwYgAGSusZ
— BBC Sport (@BBCSport) June 26, 2019
Јунајтед на Ван Бисака му понудил договор на неколку години кој ќе ја подигне неговата плата од 10.000 фунти со кои беше најслабо платен првотимец во Палас на дури 90.000 фунти.
Инаку, талентираниот лев бек потекнува од школата на Палас, а минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер лигата и запиша три асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=hz3SHjSVmOM