Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака голманот на Швајцарија

Манчестер Јунајтед го сака голманот на Швајцарија

Голманот на швајцарската репрезентација, Јан Зомер е спремен да ја напушти Борусија Мехенгладбах и кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“, пренесува „Билд“.

Се очекува токму Зомер да биде замената за Давид де Геа, чиј договор со клубот од „Олд Трафорд“ истекува на крајот на сезоната.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Договорот на Зомер со Борусија исто така истекува во јуни 2023 година, па може како слободен агент да потпише за Манчестер Јунајтед.

Тој со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, а брани одлично и за Швајцарија на Мундијалот.

„Црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори за трансфер на 33-годишниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …