Дома Топ вести Манчестер Сити тргнува по Влаховиќ

Манчестер Сити тргнува по Влаховиќ

Манчестер Сити е последниот клуб кој се вклучи во битката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат англиските медиуми.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да го продолжи договорот, јасно е дека ќе биде продаден.

21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А и е на мета на многу европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Сити.

Гвардиола е во потрага по квалитетен напаѓач, а со оглед на фактот дека тешко ќе може да дојде до потписот на Кејн, сега се насочува кон Влаховиќ.

Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина повеќе би сакала да го продаде Влаховиќ во странство отколку во Серија А, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Манчестер Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент и спрема понуда од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Би-Би-Си тврди: Јунајтед конечно му дал дозвола на Роналдо да замине

Манчестер јунајтед има лош почеток на новата сезона, откако избраниците на тренерот Ерик Т…