Дома Топ вести Малдини спрема два големи трансфери

Малдини спрема два големи трансфери

Директорот на Милан, Паоло Малдини спрема два големи трансфери за следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Првото засилување треба да биде португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез. 24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.

Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

„Росонерите“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра за да го донесат Португалецот на „Сан Сиро“, притоа имаат одлични односи со Лил.

Второто засилување е ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез. 21-годишниот напаѓач беше прв стрелец во аргентинското првенство и неколку клубови се силно заинтересирани.

Малдини го следи веќе подолго време и е спремен да ја плати откупната клаузула од 25 милиони евра, притоа да го остави на позајмица во Ривер Плата до јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола се вклучи во трката за Дибала

Иднината на Пауло Дибала е главна тема бидејќи Аргентинецот може да го напушти Јувентус ка…