
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши судиската кариера само една недела по водењето на финалето на Светското првенство. Винчиќ се повлекува на 46 години, а неговото заминување го потврди Фудбалскиот сојуз на Словенија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Винчиќ стана меѓународен судија во 2010 година. Две години подоцна беше ангажиран на Европското првенство како шести судија, а со словенечкиот тим учествуваше и во четвртфиналниот натпревар. За време на 2013 година беше судија на финалето на Европското првенство за играчи до 17 години во Словачка.
Првиот натпревар во нокаут фазата на некое европско натпреварување го водеше во 2015 година во шеснаесеттина финалето на Европската лига, а веќе следната година дебитираше во Лигата на шампиони. Неговите најголеми професионални достигнувања беа забележани последните години. Во 2021 година судеше возвратен натпревар во полуфиналето на Европската лига, додека врвот го достигна оваа година како главен судија на финалето на Светското првенство. Токму по тој натпревар одлучи да ја заклучи кариерата.
Винчиќ пред шест години се најде во центарот на голема афера во Босна и Херцеговина. Во 2020 година беше приведен за време на полициската акција Кристал во Бијељина, спроведена поради сомневања за организирана проституција, трговија со дрога и нелегално поседување оружје.
Во рацијата беа приведени повеќе десетици лица, а полицијата, според тогашните извештаи, заплени кокаин, пиштоли, заштитни елеци и повеќе од 10 илјади евра. Се пишуваше дека Винчиќ бил испитан како сведок и дека тврдел дека нема врска со уапсените.
Меѓу приведените беше и Тијана Максимовиќ, српската старлета позната како Тијана Ајфон, за која полицијата се сомневала дека била поврзана со синџир на организирана проституција. Некои регионални медиуми пишуваа дека Винчиќ не бил организатор на забавата, туку еден од гостите и дека по испитувањето бил пуштен. Против него не била поднесена обвинение.
„Освен што сум фудбалски судија, веќе години имам своја компанија. Бев на службен пат во Босна и Херцеговина, каде учествував на деловен состанок со моите деловни партнери, а по тој состанок се одзвав на покана која, како што испадна, се претвори во најголемата грешка во мојот живот за која жалам“, кажа тој.