Легендата на Милан, Паоло Малдини мометално работи како директор во клубот и потврди дека „росонерите“ ќе се засилат во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан во летниот преоден рок беше во потрага по дефанзивец, па таа позиција ќе биде прва засилена во јануари.
„Знаеме дека сме конкурентен тим, но ако ни се укаже шанса да доведеме некој играч кој ќе не унапреди ќе го направиме тоа. Имаме пари и затоа што во текот на летото не потрошивме онолку колку што можевме“, изјави Малдини.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан не се откажува од јапонскиот дефанзивец Такеиро Томиасу, кој игра одлично во Болоња.
Болоња за неговата слобода бара 20 милиони евра, а „росонерите“ ќе се обидат преку преговори да ја намалат цената.