Паоло Малдини доби функција на генерален директор во Милан и веќе рабори на градење на многу посилен тим.
Веќе е јасно дека нов тренер на „росонерите“ ќе биде Марко Џампаоло кој следната недела би требало да биде официјализиран на кормилото на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џампаоло има договор со Милан и одржал првичен состанок со директорот Паоло Малдини на кој било разговарано за новите засилувања.
Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредна фаза од преговорите за трансфер на Стефано Сенси од Сасуоло и Џанлука Манчини од Аталанта.
Сенси е на радарот на „росонерите“ веќе подолго време и наводно е се договорено за негово доаѓање на „Сан Сиро“, па во следните денови се очекува официјализација. Станува збор за 23-годишен плејмејкер, кој веќе се избори за место во италијанската репрезентација.
Џанлука Манчини пак е едно од откритијата на сезоната на Аталанта, Станува збор за 23-годишен дефанзивец на кого му се предвидува блескава кариера, па Малдини веќе работи на негов трансфер и доставил понуда од 25 милиони евра.
Агент на двајцата фудбалери е Џузепе Рисо, кој денес беше во канцелариите на Милан на состанок со Малдини и не негираше дека Милан ги сака двајцата фудбалери.
#Milan, parla l'agente di #Sensi: 'Con #Maldini è andata benissimo' [@_lucafazzini] pic.twitter.com/sUv0YmcfuT
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 11, 2019