Македонската ракометна репрезентација ја совлада Естонија со 37:33 во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Момците на Кире Лазаров имаа одличен старт на мечот, поведовме со 4-1 и ништо не наговестуваше неизвесност, но како што одминуваше времето Естонија играше се подобро и на полувремето се замина со нерешени 20-20.
Естонците беа подобри во првата половина на второто полувреме, во еден период водеа и со два разлика, но избраниците на Лазаров се вратија и успеаа да дојдат до важна победа.
Серафимов постигна 10 голови, по седум Митев и Кузмановски, а по три погодоци запишаа Џонов и Петковски.