Дома Македонски спорт Македонија ќе има 19 учесници на Летната Олимпијада за спортисти со атипичен развој

Македонија ќе има 19 учесници на Летната Олимпијада за спортисти со атипичен развој

19 атлети со атипичен развој ќе настапат на Летните олимписки игри кои од 12-26 јуни ќе се одржат во Берлин, со учество на преку 7000 спортисти од 190 земји како и 20.000 волентери.

За припремите, но и очекувањата од игрите зборуваа на прес конференција во Агенцијата за млади и спорт, која е поддржувач на настапот на македонските спортисти.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


-Огромно задоволство и чест ми е како спортист и директор на Агенцијата за млади и спорт да го најавам најголемиот спортски собир за спортисти со атипичен развој, олимписките игри.

Настапот на едно вакво големо натпреварување е вистинска можност за претставување на државата, но и можност за добивање на нови искуства, рече директорот на АМС Наумче Мојсовски.

Mотото „Дозволи ми да победам, ако не можам, дозволи ми барем да се обидам” треба да претставува иницијатива и апел до сите спортски работници и други институции, да се поддржат овие атлети во остварување на  своите цели, додаде Мојсовски.

На пресот со свои видувања се обратија и водечките лица од специјална олимпијада Македонија, Моника Бошкоска и Драган Караџовски.

Македонските претставници ќе настапат во пет дисциплини: пливање, кошарка, бадмингтон, атлетика и пинг понг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…