Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија ја победи Турција и се пласира на Европско првенство!

Македонија ја победи Турција и се пласира на Европско првенство!

0

Македонската ракометна репрезентација успеа да дојде до победа на гостински терен кај Турција (26:25) во рамките на петтото коло од квалификациите.

Македонските ракометари со оваа победа го потврдија пласманот на Европското првенство, кое што ќе биде 5-то по ред за „црвено-жолтите.

Мечот започна одлично за нашите ракометари но во финишот од првиот дел дозволивме Турција да се разигра и да го сврти резултатот во своја корист па домашните на пауза заминаа со предност од 13-11.

И во вториот дел домаќините долго водеа се до 54-та минута кога успеавме да го вратиме водството и на крајот да издојуваме важна победа.

Лазаров со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, а Талески го следеше со пет гола.

Со триумф над Грција во недела во Струмица наше ќе биде и првото место во групата кое ќе ни донесе подобра позиција во ждрепката.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

После четири години и Николче Новески во Бундес Лигата настапи Македонец!

Фудбалерот кој неодамна стана најмладиот македонски дебитант во репрезентацијата денес зап…