Дома Македонски спорт Македонија У21 на контролен турнир со Хрватска, Саудиска Арабија и Албанија

Македонија У21 на контролен турнир со Хрватска, Саудиска Арабија и Албанија

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.

Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска. Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура. Првиот натпревар го играме против Албанија на 23. септември.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На 26. септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите на Хрватска и Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.

Новата генерација на Македонија до 21 година во јуни месец одигра два контролни меча на домашен терен против селекцијата на БиХ. На двата натпревари избраниците на селекторот Драги Канатларовски забележаа победа со 2:1 и 1:0.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18. септември во хотел Парк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …