Македонската карате репрезентација ќе настапи со 29 каратисти во сите категории на 46-тото Европско карате првенство за кадети, јуниори и сениори кое ќе се одржи во Алборг, Данска.
Македонските репрезентативци ќе бидат предводени од селекторите Стојан Андриевски (кати), Александар Кузмановски (кадети и јуниори), Арлинд Хусеини (постари јуниори).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонското карате последниве неколку години остварува одлични резултати, а последниот освоен медал е минатата година, кога Фаик Весели (категорија до 61 кг) во борби се закити со сребрен медал од сениорското Европско првенство во Русија.
„Радува податокот за зголемениот интерес на младите што се занимаваат со овој спорт, но и големиот број каратисти, кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, со што се оправдува петдецениското постоење на каратето во Македонија“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски, кој на вчерашната средба на репрезентативците им посака успех.