Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија со убедлив пораз од Данска си заминува од ЕП

Македонија со убедлив пораз од Данска си заминува од ЕП

Репрезентацијата на Македонија не успеа да направи изненадување против фаворизираната Данска и со трет пораз го заврши настапот на Европското првенство.

Македонија имаше одлично отворање на натпреварот со 4:0, но потоа Данска заигра на повисоко ниво и брзо ја анулира предноста.

Во 16-та минута од натпреварот Данците дојдоа до првото водство на натпреварот од 6:5. До крајот на полувреме ја одржуваа предноста и на одмор Данска замина со предност од 12:9.

Во второто полувреме дојде до израз квалитетот на светскиот шампион, кој и со комбиниран состав беше пресилен за Македонија и ни нанесе убедлив пораз.

Данците во еден момент имаа и 12 гола разлика, а на крајот победија со конечни 31:21.

Жарко Пешевски со шест од шест беше најпрецизниот во македонскиот табор, Талески и Мишевски имаа по три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Се е спремно за спектакл: Клоп и Анчелоти ги избраа составите!

Вечерва во Лигата на шампионите се игра финалето помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Тешко е да…