Македонија немаше многу среќа во вчерашната ждрепка за баражот за Мундијалот во Катар.
За да играме на СП најпрво мораме да ја поминеме Италија, а потоа би оделе на подобриот од Португалија и Турција. Италија се гледа како на голем фаворит во дуелот со Македонија, а медиумите во оваа веќе го посочуваат како добра вест што нема да го имаме на располагање Елиф Елмас за полуфиналниот дуел.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Македонија не треба да се потцени, најдобар пример за тоа е натпреварот со Германија.Една од ѕвездите на тимот сигурно дека е Елиф Елмас, момчето кое треба да биде наследник на Горан Пандев. Елмас и Барди ги држат конците во средниот ред. Затоа добра вест е што Елиф нема да игра против Италија поради суспензија од жолти картони“, пишуваат Италијанците.
Во продолжение од анализата ние се истакнуваме како тим кој игра офанзивно и најчесто во 4-3-3 формација.
Фото: ФФМ