Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија – Косово со ВАР технологија

Македонија – Косово со ВАР технологија

Македонската репрезентација на 8. октомври против Косово на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го одигра натпреварот од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство.

На еден од најважните натпревари за нашата селекција на Националната арена ќе се имплементира ВАР систем, видео технологија за помош при судиските одлуки.

За да се користи т.н. ВАР систем на одреден стадион потребно е да се направи тест за одобрување дека видео технологијата може да се користи. Одобрувањето за користење на ВАР систем го потврдува ФИФА, а сето тоа е поврзано со Правилата на фудбалската игра.

На Националната арена „Тодор Проески“ ќе се изврши тестирање за користење на ВАР технологијата на ден пред натпреварот со Косово по претходен состанок на кои ќе присуствуваат претставници на Фудбалската федерација на Македонија, одговорните за ВАР системот за натпреварот Македонија – Косово и претставник на компанијата „HAWKEYE“ која што УЕФА ја има избрано за официјална компанија за имплементација на ВАР систем на натпреварувања организирани од УЕФА, пренесуваат од македонската Федерација.

На самиот ден на натпреварот ќе се направи тест за синхронизирање (опрема на стадион со ВАР возило), а последното тестирање ќе се изврши на два часа пред почетокот на натпреварот.

Доколку има одредени технички проблеми со имплементацијата на ВАР системот за време на натпреварот, во тој случај видео асистенцијата за помош при судиските одлуки нема да се користи. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Дибиров: Победа над Порто за потврда дека сме на добар пат

Вардар утре ги продолжува настапите во Лигата на шампиони и ќе ги одмери силите со Порто. …