Дома Македонски спорт Македонија ги доби противниците во Дејвис Купот

Македонија ги доби противниците во Дејвис Купот

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија од утре до сабота ќе биде дел од натпреварите од Третата Европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Улцињ. На денешната ждрепка нашата репрезентација беше одредено Македонија да биде во групата А, а ривали се Словенија (носител) и Црна Гора (домаќин).

Во Б групата ќе играат: Кипар, Молдавија, Азербејџан и Косово.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот национален тим го сочинуваат: Димитар Грабул, Шендрит Деари, Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ, а ги предводи селекторот Горан Шевченко. Македонија на ранг листата од Дејвис купот се наоѓа на 87.место.

Од ривалите во групата Словенија е најдоброрангираната селекција од седумте кои ќе играат во Улцињ и се наоѓа на 64.место и амбициите на оваа репрезентација се брзо враќање во Втората Евро-африканска зона од каде лани испадна. Предводник на оваа селекција е 20-годишниот Бор Артнак, кој оваа година настапи на Macedonian Open.

Репрезентацијата на Црна Гора е домаќин и е рангирана на 93.место, a најдобро рангиран играч им е Резарт Чунгу, кој има и најмногу настапи во Дејвис купот.

Пласман во Втората Евро-африканска зона ќе обезбедат двете првопласиран репрезентации од групите, како и победникот од мечот-бараж на второпласираните репрезентации (вкупно три репрезентации). Од овој ранг ќе испаднат две репрезентации четвртопласираната од Б групата и поразената репрезентација од мечот – бараж на третопласираните репрезентации.

Мечевите стартуваат утре, а за распоредот во текот на денот ќе следуваат дополнителни информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ново засилување за Вардар: Пристигна португалски голман!

Во новата сезона на голот на Вардар како засилување доаѓа искусниот Мигел Еспиња Фереира (…