Бразилецот Нејмар и дефинитивно нема да се пресели во Барселона, објави денес францускиот „Л’Eкип“.
Актуелниот договор на Нејмар истекува на лето следната година, а според информациитен а овој медиум новиот договор треба да биде потпишан во наредните два дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Нејмар наполни 29 години, а според новиот договор играч на ПСЖ ќе биде до 2026 година и ќе заработува 30 милиони евра по сезона.
Тоа е нешто помалку од досегашните 35 колку што добива сега, меѓутоа она што за него е добро е што во наредните пет години има загарантирано големи примања.
Се најавува и дека во новиот договор Нејмар ќе има големи големи бонуси во случај ПСЖ во тој период да ја освои Лигата на шампионите.