Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ денес започна ефикасно – два натпревари, 11 гола! 🎥

ЛШ денес започна ефикасно – два натпревари, 11 гола! 🎥

Во терминот од 18:45 часот во Лигата на шампионите се одиграа два натпревари и во двата се постигнаа вкупно 11 гола.

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и доминантно славеше против Клуб Бриж со 1:5. Од самиот старт „граѓаните“ покажаа „кој е кој“ на теренот, констатно се играше пред голот на домаќините и се создаваа шанси. Резултатот беше отворен после половина час игра кога мрежата на Мињоле ја погоди Жоао Кансело. Пред крајот на полувремето Сити доби пенал, го реализираше Марез.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


После само осум минути игра во второто полувреме Манчестер Сити веќе имаше 3:0, стрелаше Вокер. За „покер“ се погрижи младиот Палмер во 67. минута. На десетина минути пред крајот Клуб Бриж го упати првиот удар во рамките од голот, а набрзо потоа во 81. минута Ванакен успеа да ја погоди мрежата на Едерсон за барем почесен гол. За конечни 1:5 се погрижи Ријад Марез кој го постигна својот втор гол на натпреварот.

Во вториот натпревар Спортинг на гости кај Бешикташ забележа убедлива победа од 1:4. Во првото полувреме од овој натпревар видовме дури четири од петте постигнати гола. Себастијан Коатес постигна два гола (15. и 27. минута), третиот гол беше дело на Сарабија од пенал. Единствениот погодок за Бешикташ го постигна Ларин. Паулињо пред крајот на натпреварот се погрижи за поубедлива победа на Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола беше бесен: На прес-конференција ја повтори истата реченица четири пати

Пеп Гвардиола не го криеше своето незадоволство откако неговиот Манчестер Сити во сабота н…