Дома Офсајд Лука Јовиќ добил „корпа“ од Дара Бубамара!

Лука Јовиќ добил „корпа“ од Дара Бубамара!

0

На стартот од авантурата на Лука Јовиќ во Реал не му оди баш најдобро, а изгледа српскиот фудбалер немал среќа и на други полиња.

Јовиќ дури вчера го постигна првиот гол во дресот на Реал каде што пристигна изминатото лето. Сега медиумите пишуваат дека тој имал еден неуспех и во приватниот живот. Наводно тој се обидел да ја заведе турбо-фолк ѕвездата на овие простори Дара Бубамара, меѓутоа немал среќа.

Како што се пишува Јовиќ почнал да се распрашува за Дара кога дознал дека е слободна, тргнал во акција, но добил „студен туш“.

„Почна да се распрашува кај пријателите кога дозна каква е приватно. Прашуваше и дали е точно дека е добра во кревет. Кога доби позитивни одговори го најде нејзниот број и испраќаше пораки. Не одолговлекуваше и беше директен, веднаш и се претстави и ја праша дали сака да излезат на вечера во еден познат хотел. Дара мислеше дека некој си игра со неа и дека лажно се претставува како Лука Јовиќ. Не одговараше на пораките, туку го блокираше тој број“, изјавил анонимен извор за српски Курир.

Јовиќ неколку недели подоцна се појави и на настап на Дара, меѓутоа и таму немал успех. Познатата пејачка и лично била запрашана, а одговорила дека не го познава Јовиќ лично, но дека и е мило што таква ѕвезда доаѓа на нејзин настап.

„Јас лично не го познавам. Знам дека е фудбалер, а фудбалерите сакаат да се забуваат во слбоодно време, па затоа и доаѓаат на моите настапи во Белград“, изјавила пејачката.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Видео: Атрактивната новинарка повторно ја „запали“ Италија

Италијанската спортска новинарка Дилета Леота повторно ја крена на нозе цела Италија. Диле…