Дома Трансфер зона Лукаку се договори со Интер!

Лукаку се договори со Интер!

0

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ги договори личните услови со Интер, тврдат медиумите на Апенините.

Новиот тренер Антонио Конте најави изградба на тим кој ќе се бори за Скудетото, а Лукаку е негова најголема желба во нападот. Клубот најверојатно ќе се радели со Мауро Икарди, а Конте во Белгиецот гледа идеална замена.

Меѓутоа, за реализација на трансферот Интер треба да постигне договор со Манчестер Јунајтед, кој за слободата на 26-годишниот напаѓач бара 75 милиони евра, сума која „нероаѕурите“ не се спремни да ја платат.

Според „Газета дело Спорт“, Лукаку сака преселба во Серија А и веќе се договорил со Интер за четиригодишна соработка според која по сезона ќе добива 7,5 милиони евра.

Лукаку постигна 27 гола во својата прва сезона на „Олд Трафорд“, но минатата сезона падна во сенка на Рашфорд и постигна само 15 гола.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пред ангажман на јапонски репрезентативец

Eкипата на Барселона ќе се обиде да го доведе јапонскиот репрезентативец, Даизен Маеда. Да…