Дома Фудбал Италија Лукаку одигра супер сезона, но остана помеѓу најголемите фудбалски „лузери“

Лукаку одигра супер сезона, но остана помеѓу најголемите фудбалски „лузери“

Ромелу Лукаку одигра одлична сезона во Интер, но сепак остана без трофеј, а и на него самиот му е тешко да се сети кога последен пат се израдува на некој трофеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот репрезентативец во финалето во Лигата на Европа со Интер изгуби од Севиља со 3:2. Лукаку во натпреварот постигна гол, но стана трагичар кога по шутот на Диего Карлос топката него го погоди пред да влезе во голот.

Кога ќе се погледне наназад може да се види дека трофеите како да бегаат од Лукаку. Последниот трофеј напаѓачот го освои во 2010 година додека беше играч на Андерлехт.

Во наредните десет година играјќи за ВБА, Челзи, Манчестер Јунајтед, Евертон и Интер не успеа да освои ништо.

Изгледаше дека со Интер сега тоа проклетство може да го сруши, меѓутоа се продолжи.

Сепак, треба да се истакне дека 27 годишниот Белгиец оваа сезона на 51 гол постигна 34 гола и запиша шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наташа Андонова има нов клуб, ќе игра и во Лигата на шампионите

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова ќе има нов предизвик во кариерата, …