Дома Фудбал Останато Лукаку многу се променил после трансферот во Интер

Лукаку многу се променил после трансферот во Интер

Селекторот на Белгија забелжува нови работи кај својот напаѓач.

Белгија вечерва игра против Шкотска во рамките од шестото коло во групата. Тимот на Роберто Мартинез засега е максимален, во претходното коло запишаа очекувана победа против Сан Марино од 4:0. Лукаку во тој натпревар не доби минути.

Се очекува вечерва тој да стартува во Глазгов.

Ромелу долго време чекаше да се завршат преговорите помеѓу Јунајтед и Интер и на крајот се пресели во тимот на Конте. Засега на два натпревари во Серија А постигна исто толку голови.

„Ова е прв пат да го видам слободен и среќен. После толку тренинг кампови за прв гледам дека е фокусиран и спремен за предизвиците. Сигурен сум дека може многу да му помогне на Интер оваа сезона“, изјави Мартинез.

Интер наредниот викенд го дочекува Удинезе и останува да се види дали Лукаку ќе ја продолжи својата голгетерска низа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вчера за Борусија покрај Халанд блесна и уште една млада ѕвезда (ВИДЕО)

Не се случува често во било кој спорт после успешниот татко и синот да тргне по неговите с…