Дома Фудбал Италија Лукаку игра како препороден: Споредбата со минатата сезона е најдобар доказ за тоа!

Лукаку игра како препороден: Споредбата со минатата сезона е најдобар доказ за тоа!

Белгискиот фудбалер Ромело Лукаку оваа сезона игра како препороден во дресот на Интер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лукаку пред две години играше за Манчестер Јунајтед, но во клубот од „Олд Трафорд“ баш и не ги оправда очекувањата. После две години одлучи да се пресели во Серија А и да го облече дресот на Интер што беше полн погодок. Најдобар доказ за тоа е фактот што во досегашниот дел од сезоната веќе постигна еднаков број на голови како и во текот на целата мината сезона во Манчестер.

Со вчерашните два гола против Џенова, Лукаку на своето конто има 12 голови во Серија А, а минатата година во Премиер лигата му беше потребна цела сезона да стигне до таа бројка.

Инаку, од 12. гола Лукаку шест постигна со лева, четири со десна и два со глава. Тој во овој момент е втор на листата на стрелци во италијанскиот шампион и има пет голови помалку од првопласираниот Чиро Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фиорентина најде нов тренер!

Фиорентина е на прагот на назначување на Фабио Гросо како нов тренер на тимот, објавија ит…