Дома Фудбал Италија Лукаку денес пристигнува во Милано

Лукаку денес пристигнува во Милано

Интер и Челзи постигнаа комплетен договор за враќање на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“, потврди „Скај Италија“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба постигнале договор и Интер ќе плати 8 милиони евра плус 4 милиони како бонуси и додатни 3 милиони евра ако го освои Скудетото.

Лукаку попладнево ќе пристигне во Милано, а утре ќе ги обави редовните лекарски прегледи и ќе го комплетира трансферот во Интер.

Лукаку после лошата сезона на „Стенфорд Бриџ“ и недоразбирањата со тренерот Тухел инсистираше да се врати во Интер, а Челзи се согласи да го пушти на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан се засилува со крилото на Форест

Милан ќе го ангажира крилото на Нотингем – Омари Хачинсон. Според Фабрицио Романо, „…