Дома Фудбал Лига на шампиони Лудите 11 минути на вчерашното четвртфинале во ЛШ се историски!

Лудите 11 минути на вчерашното четвртфинале во ЛШ се историски!

Манчестер Сити и Тотенхем вчера одиграа навистина лудо четвртфинале во Лигата на шампионите кое на крајот беше среќно за Тотехем.

Тотенхем на свој терен во првиот натпревар победи со 1:0, а вчера на гости кај Сити изгуби со 4:3, резултат кој поради головите на гости им беше доволен за пласман во полуфиналето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Лудилото започна во четвртата минута кога Рахим Стерлинг го отвори резултат, меѓутоа во следните шест минути Сон Хеунг Мин постигна два гола за пресврт на Тотенхем. Само една минута подоцна „граѓаните“ го изедначија резултатот на 2:2. За само 11 минути видовме четири гола…

Со овие чудесни 11 минути Тотенхем и Сити испишаа историја затоа што ова е првиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите на кој биле постигнати четири гола за толку кратко време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ …