Дома Трансфер зона ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА: Арнаутовиќ станува еден од најплатените во светот!

ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА: Арнаутовиќ станува еден од најплатените во светот!

Австрискиот репрезентативец кариерата изгледа ќе ја продолжи во Кина.

Фудбалерот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ е пред трансфер во кинески Шангај ШИПГ за 50 милиони евра, пренесува британски „Тајмс“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шампионот на Кина ја заголеми понудата по трет пат и на фудбалерот со српско потекло му е понудена плата од скоро 400.000 евра неделно.

Тоа значи дека 29 годишниот фудбалер по сезоната ќе заработува огромни 20 милиони евра и ќе застане во редот на најплатените фудбалери во светот.

Вест Хем сака да го задржи Арнаутовиќ, но тој инсистира на трансфер на Далечниот Исток за да го направи финансиски најсилниот договор во кариерата.

Арнаутовиќ во Вест Хем пристигна во 2017 година за 25 милиони евра што тогаш беше клупски рекорд за Вест Хем.

https://youtu.be/gJGydv53sQA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…