Дома Останати Кошарка НБА Луда ноќ во Денвер: Трипл-дабл на Јокиќ и поени за победа во финишот – Богдановиќ ќе се пресметаше! (ВИДЕО)

Луда ноќ во Денвер: Трипл-дабл на Јокиќ и поени за победа во финишот – Богдановиќ ќе се пресметаше! (ВИДЕО)

0

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари, а најинтересно беше во натпреварот помеѓу Денвер и Сакраменто.

Денвер стигна до нова победа против Кингси и тоа во супер драмантичен натпревар со резултат 120:118.

Во неизесната завршница победничките поени ги постигна Никола Јокиќ на само 0.8 секунди пред крајот, но целиот натпревар изобилуваше со голема драма, а видовме и исклучувања. Јокиќ дојде до нов трипл-дабл со 20 поени, 18 скокови и 11 асистенци.


Следете го Sportski.mk и на


Од игра српскиот кошаркар шутираше 7/17, додека за три поени имаше 0/2.

На две минути пред крајот на првото полувреме тренерот на Денвер, Мајк Мелоун заработи исклучувања поради протестирање после прекршокот на Бјелица. Потоа Наџентси беа предводени од неговиот помошник Вес Анселд.

Во четвртата четвртина видовме нови искри на теренот. Богдан Богдановиќ малку недостасуваше да влезе во физичка пресметка со Мајк Бизли, па двајцата добија технички грешки.

Бизли потоа погоди кош во контра и го удри Богдан или само му испрати пцовка, поради што ја доби втората техничка грешка и беше исклучен.

Вистинска драма гледавме во завршницата. Хилд на четири минути пред крајот промаши положување, Денвер тргна во контра, Мареј промашува тројка, Пламли тука забележа офанзивен скока и потоа Вил Бартон погодува за 112:108.

Следуваа два промашени шута и Денвер направи предносто од +6 (114:108). Меѓутоа Кингси успеаваат да се вратат на 118:114, а во последната минута Јокиќ изгуби топка и го промаши следниот напад, Кингси два пати реализираат и стигнуваа до 118:118.

Во последниот натпревар на Денвер повторно одговорноста ја превзема Јокиќ и погодува на 0.8 секунди пред крајот Хилд ја дофати топката успеа да шутне, но за малку промаши и Денвер запиша победа.

Далас Маверикс забележа пораз од Мајами Хит со резултат 101:112. Лука Дончиќ на овој натпревар беше на чекор од трипл-дабл со учинок од 18 поени, 12 скокови и 9 асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Бруклин 139:148

Индијана – Милвоки 97:106

Бостон – Детроит 118:110

Њујорк – Филаделфија 111:126

Торонто – Вашингтон 129:120

Чикаго – Мемфис 122:110

Минесота – Хјустон 121:111

Далас – Мајами 101:112

Портланд – Голден Стејт 129:107

ЛА Клиперси – Феникс 134:107

Денвер – Сакраменто 120:118

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Македонци, вие треба само да го зачувате она што го имате“!

Вардар вчера уште еднаш ја воодушеви Македонија, но и целиот регион со својот настап во „С…