На Арсенал не му оди најдобро без Санти Казорла.
Шпанскиот играч за врска се повреди изминатата сезона, додека екипата на Венгер беше солидна и конкурентна, но по неговата повреда се тргна во надолна линија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во прашање е ахиловата пета, а Венгер истакна дека одамна не видел полоша повреда.
„Ова е најлоша повреда за која знам. Одеше од лошо полошо. Знам колку Санти сака да игра фудбалер, знам да биде тука секојдневно и многу ми е жал поради него“, истакна Венгер и додаде:
„Го видов пред еден месец, му реков да се подготви што е можно подобро. Се надевам дека ќе се врати. Навистина се надевам. Ајде да не кажеме дека неговата кариера е готова, се надевам дека тоа е погрешно“, истакна Венгер.