Дома Фудбал Англија Лоши вести за Солскјер – остана без двајца клучни фудбалери

Лоши вести за Солскјер – остана без двајца клучни фудбалери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се соочува со сериозни проблеми пред утрешниот натпревар со Лестер на „Олд Трафорд“.

Норвежанецот за овој натпревари нема да може да смета на услугите на Марсијал и Погба.

Двајцата Французи им се приклучија на веќе повредените Лук Шоу, Баи, Дало, Џеси Лингард и Арон ван Бисака. 

Поради тоа Солскјер ќе биде на мака да го состави тимот против „лисиците“ кој е од голема важност бидејќи „црвените ѓаволи“ не ја отворија најдобро сезоната.

„Погба нема да биде подготвен. Ќе игра само доколку се случи чудо, да закрепне преку ноќ. Не беше во можност да тренира со полн интензитет“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан не го пушта Страхиња и му подготвува одлична понуда

Познатиот Милан му понуди на српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ нов договор со дво…