Милан вчера изгуби во Бергамо од Аталанта 5:0 и тоа беше најтешкиот пораз за клубот во последните 20 години.
Тимот на Стефано Пиоли одигра кастрофален натпревар и Божиќ ќе го дочека на 11. место на табелата. Милан е огромни 14 бода одалечен од местото кое води во Лигата на шампионите, а само седум од зоната за испаѓање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот италијански клуб веќе неколку години е далеку од врвот на италиајнскиот и светскиот фудбал, а последното Скудето го освои во 2011 година.
Доказ за тоа колку „росонерите“ потонале е и листата на најдобри стрелци на клубот во изминатата деценија.
Иако одигра само две сезони во Милан (2010-2012) Златан Ибрахимовиќ е најдобар стрелец на „росонерите“ изминатата деценија со 42 постигнати гола.
На второто место е Карлос Бака со 31 гола, а на третото место е Бонавентура со 29 постигнати гола. Марио Балотели е четврти на листата стрелци со 27 гола.
Despite only playing for two seasons, Zlatan Ibrahimovic is AC Milan’s top scorer for the decade ? pic.twitter.com/VCQHg0gZD9
— ESPN FC (@ESPNFC) December 23, 2019