Најдобро рангираната македонска тенисерка Лина Ѓорчевска го заврши настапот на Аустралиан Опен 2017.
Лина на чекор пред пласманот на главен турнир загуби од Стефани Фогеле(SUI) [1] (114 на ВТА, а најдобар нејзин ранг 42), првата носителка на квалификациониот турнир.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
После 1 час и 54 минути игра резултатот и искуството беа на страна Фогеле која победи со резултат 4:6, 6:3, 6:2. Со овој резултат Лина стана првата македонска тенисерка која стигнала и одиграла три натревара во квалификациите на Гренд Слем турнир.