Кристиан Пулишиќ би можел кариерата да ја продолжи во Лидс, пренесуваат медиумите на Островот.




23-годишниот офанзивен фудбалер не беше стартер во тимот на Тухел, но и со промената на тренерот неговиот статус не се промени.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Поради тоа Пулишиќ сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а интерес за него покажува Јувентус.




Меѓутоа, сега во трката за потписот за репрезентативецот на САД се приклучи Лидс, кој е спремен да испрати подобра понуда.




Јувентус сака да го донесе Пулишиќ на позајмица со право на откуп, додека Лидс спремил понуда од 35 милиони фунти и во моментов е поблиску до неговиот потпис.