Фудбалерите на Франција ја совладаа Белгија во Лион, додека Италија беше подобра од Израел како гостин во Будимпешта.
Французите беа подобри со 2:0 од Белгија и ја оправдаа улогата на фаворити во второто коло од Лигата на нации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стрелец на првиот гол беше Коло Муани во 29. минута од натпреварот, а работата практично ја заврши Усман Дембеле со гол во 57. минута од натпреварот.
Белгија во ниту еден момент не покажа зошто е прва репрезентација на ФИФА ранг листата, додека Французите изгледаа доминантно по поразот од Италија во првото коло.
Италијанците го победија Израел со 2:1.
Италија поведе во 38. минута со голот на Фратеси, а Мојс Кин го удвои водството по 62 минути игра.
Единствено што успеаја Израелците беше голот на Абу Фани во 90. минута од натпреварот за конечни 2:1.
Италија е прва на табелата од групата 2 од Лигата А со шест бода, Белгија и Франција имаат по 3 бода, додека Израел нема бодови.