Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на голем број европски гиганти.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германските медиуми открива дека по завршување на сезоната ќе има голема борба за потписот на 18-годишниот талент.




Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен веќе подолго време ги следат настапите на Виртц, но најсилен е интересот на Ливерпул.




Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.




Виртц оваа сезона има 10 гола и 13 асистенции во Бундеслигата и важи за еден од најголемите таленти во Европа.




Јирген Клоп верува дека Виртц може да биде идеално засилување за неговиот тим и сака да го донесе на „Енфилд“.