Дома Фудбал Англија Ливерпул ја избрал првата мета за наследник на Клоп?

Ливерпул ја избрал првата мета за наследник на Клоп?

Стратегот на Ливерпул, барем според германските медиуми донел конечна одлука за својата иднина.

Клоп наводно прифатил да го замени Јоаким Лев на клупата на германската репрезентација кога ќе дојде време 61 годишниот стратег да си замине.

Лев има договор со Германија до 2022 година и тој му завршува после Светското првенство во Катар, а како што работите стојат истиот нема да биде продолжен. Доколку резултатите не бидат како што очекуваат во Фудбалскиот сојуз на Германија, Лев би можел да си замине и после Европското првенство ова лето.

Се најавува дека луѓето во Фудбалскиот сојуз на Германија наскоро ќе разговораат со Клоп за да ги слушнат неговите размислувања дали сака да ја води Германија после Лев. Во овој момент се шпекулира дека неговиот одговор ќе биде позитивен.

Ливерпул не седи со скрстени раце и како прв пик за замена на Клоп е легендата на клубот, Стивен Џерард кој со голем успех го води Глазгов Ренџерс во Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓоковиќ со коментар за Суперлигата: Не може ли никој да игра освен тие 20 тима?

Основањето на Суперлигата го прокоментира и првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Ѓокови…