После Лигата на шампионите вечерва беше резервирана за натпреварите во Лигата на Европа.
Изненадувањето на вечерта го приреди Волфсбергер од Австрија кој ја победи Борусија Менхенгладбах со убедливи 0:4.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изненадувањето беше најавено после само 13 минути игра кога Вејсмен го отвори резултатот. Германскиот тим се најде во тешка ситуација после само 45 минути затоа што до крајот на првиот дел Лајтгеб и Рицмајер погодуваа за високи 0:3.
Во вториот дел Лајтгеб го постигна вториот гол за конечни 0:4.
Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата ја совлада Астана. Единствен стрелец беше Гринвуд 15-тина минути пред крајот.
Италијанската Рома лесно се справи со Башакешир и ги испрати Турците со покер (4:0). Головите за Рома ги постигнаа Кајсара, Џеко, Клајверт и Заниоло.
Останати резултати:
Волсбург – Олександрија 3:1
Слован Братислава – Бешикташ 4:2
Порто – Јанг Бојс 2:1
Партизан – АЗ Алкмар 2:2
Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1
Гент – Сент Етјен 3:2
Еспањол – Френцварош 1:1
Вулверхемптон – Брага 0:1
Ренџер – Фејенорд 1:0