Раководство на Лос Анџелес лејкерс ќе се обиде во своите редови да го донесе еден од најдобрите играчи во НБА и член на шампионот Торонто, Каваи Ленард.
Кошаркарот ќе оди на трансфер пазарот како слободен агент, но за трансферот на 27-годишниот Ленард, Лејкерс е неопходно е да почекаат до 30 јули кога треба да биде официјализиран договорот со Њу Орлеанс за размена на центарот Ентони Дејвис.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Доколку успеат во намерата Лејкерси ќе потпишат максимален договор со Ленард и следната сезона ќе имаат „тим од соништата“.
Во плејофот, Каваи Ленард постигна 28,5 поени, 9,8 скока, 4,2 асистенции во просек за 41 минута по натпревар.