Дома Фудбал Останато Легендата продолжува: Јапонецот Мијура ќе игра фудбал и на 57 години

Легендата продолжува: Јапонецот Мијура ќе игра фудбал и на 57 години

Јапонецот Казујоши Мијура ќе продолжи да го поместува рекордот за најстар фудбалер во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мијура во февруари наполни 56 години, но се уште не се одлучува да се повлече од професионалното играње фуидбал. Јапонецот сега ја продолжи соработката со португалскиот второлигаш Оливаренсе на уште една сезона.

Ова значи дека Мијура професионално ќе игра фудбал и на 57 години што е навистина неверојатно.

Во изминатата сезона на три натпревари собра само 26 минути, меѓутоа клубот му го продолжи договорот. Својата кариера тој ја започна уште во 80-тите во Бразил потоа играше во Австралија, Италија, Хрватска, Јапонија…Од клубовите беше дел од Палмеирас, Џенова, Динамо Загреб, Јокохама, Сиднеј…

Своевремено настапуваше и за јапонската репрезентација за коај на 89 натпревари постигна 55 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова се можните противници на Вардар во квалификациите за ЛШ

Со завршувањето на сезоната во поголемиот дел од европските шампионати, познати се и сите …