Дома Фудбал Англија Легендата на Манчестер Јунајтед би задржал само еден играч од актуелниот состав на „црвените ѓаволи“

Легендата на Манчестер Јунајтед би задржал само еден играч од актуелниот состав на „црвените ѓаволи“

Манчестер Јунајтед не може да се опорави по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, а за ситуацијата во клубот сега во јавноста зборуваше легендарниот напаѓач на овој клуб, Вејн Руни.

Екс-голгетерот на гигантот од „Олд Трафорд“ смета дека единствен од сегашните фудбалери кои треба да остане е Бруно Фернандеш.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Морате да изградите тим околу Бруно. Станува збор за квалитетен играч, подготвен за борба. Од останатите играчи би можеле и да ослободите, треба да се прави тим со млади играчи околу Бруно. Мора да има „чистка“. Не може се да се заврши за година или две, ќе треба време. Не сакам да бидам разбран погрешно. Сегашните играчи не се толку лоши, но погледнете ги составите на Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал, екипи против кои треба да се борите“, изјави Руни.

На прашањето дали мисли дека и Маркус Рашфорд треба да замине, Руни даде интересен одговор.

„Сите знаеме дека Маркус е способен да игра на највисоко ниво, но тоа не сме го виделе. Само се прашувам дали е време Маркус да оди и да игра на друго место. Тоа треба да се запраша. Мора да ја држи главата надолу и да тренира напорно за да го оствари својот потенцијал кој без дилеми го има“, одговори Руни.

На прашањето колку време ќе им треба на „црвените ѓаволи“ да закрепнат, Руни даде одговор кој нема да им се допадне на навивачите.

„Видете на газдите на Манчестер Сити потребен им беше период од 15 години да ја освојат Лигата на шампионите и тоа е потенцијално времето кое е потребно. Сепак, се надевам и јас дека нема да биде толку долго“, заврши Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…