Дома Фудбал Репрезентации Лев за коронавирусот: Природата ни се спротистави затоа што ние беа важни само парите, силата, моќта…

Лев за коронавирусот: Природата ни се спротистави затоа што ние беа важни само парите, силата, моќта…

Германскиот селектор, Јоаким Лев даде свој коментар на ситуацијата со коронавирусот во светот.

Лев во својата кариера дал многу изјави, но оваа веројатно е една од оние кои му привлекуваат најголемо внимание. Тој објасни зошто на светот му случил коронавируост и порача дека можеби сето ова и сите заедно сме го заслужиле.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во последните неколку дена длабоко размислував. Ми изгледа како светот да доживува колективна катарза. Имам чувство дека природата се спротистави на човечкото однесување бидејќи начинот на кој живеевме и работевме во последните години беше неодржлив. Бевме свртени кон парите, силата, моќта и што поголемиот профит. Воопшто не се интересиравме за гладот во светот, приордните катастрофи. Сега сме соочени со нешто кое не погодува сите, конечно сфативме што всушност е важно во животот“, изјави Лев.

Исто така Лев додаде и дека одлуката да се одложи Европското првенство е потполно исправна бидејќи здравјето на луѓето е најважно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…